Екс-директорот на УБК се жали во Стразбур поради предлог притвор

Екс директорот на УБК и осомничен за крвавиот четврток Владимир Атанасовски се жали во Стразбур поради предлогиот притвор.

Во апликацијата која неговиот адвокат ја поднел до меѓународниот суд за човекови права напишал дека Атанасовски не е запознаен со ниту еден доказ и покрај тоа што во неколку наврати го барал тоа од обвинителството. Тоа што често патувал во Словенија, тоа што е невработен, нема имот и семејство  според неговата одбрана се неосновани аргументи за судот да го држи повеќе од четири месеци во притвор.

Атанасовски на 4-ти Декември заврши зад решетки истиот ден кога Александар Василевски Нинџа сведочеше за неговата вмешаност во организацијата на крвавиот четврток.

Во неколку наврати Нинџа во сведочењето во најголемиот процес за 27 април истакна дека токму екс директорот на УБК вечерта раководел со упадот во Собранието.

Сега во жалбата до судот адвокатите го оспоруваат и сведочењето на Нинџа и него како личност кој беше обвинет за истото дело.

Од обвинителството за организиран криминал не ја коментираат апликацијата. Денеска го повикале Атанасовски за увид во доказите. Без разлика на ова апликацијата е испратена пред еден месец и одбраната очекува дека по пресуда од Стразбур, Атанасовски ќе биде пуштен од притвор. Инаку се уште нема информации до каде е истрагата за организаторите на крвавиот четврток кои се товарат исто така за Терористичко загрозување на уставниот поредок.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ