Економијата не порасна минатата година

Во минатата година македонската економија не пораснала, таа заврши со стапка од нула отсто. Ова го објави Државниот завод за статистика. Според податоците на Заводот, во последниот квартал лани економијата остварила пораст од 1,2 отсто, но проблем е што во првиот кварла растот беше нула, во второто тримесечје имаше пад од 1,3 отсто, а во третиот порастот изнесуваше 0,2 проценти.

Владата за лани првично прогнозираше дека растот ќе изнесува 3 отсто, но на крајот ја сведе прогнозата на 1,6 отсто, но сега излегува дека не се оствари ни таа прогноза.

Последните проценки на ММФ беа раст д 1,9%, додека Светска банка прогнозираше дека економскиот раст ќе биде 1,5%. Народната банка, пак, предвиде пораст од 0,5%.

Стагнацијата на домашната економија лани главно се должи на падот на градежништвото, од 13,7%. Како причина за тоа, пак, се смета стопирањето на изградбата на автопатиштата, но и прекинот на проектите од Скопје 2014.

За годинава Владата очекува раст од 3,2 проценти.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ