ЕК: Повеќе од 300.000 граѓани на ЕУ чекаат можност да се вратат дома

Повеќе од 300.000 граѓани на ЕУ чекаат можност да се вратат дома од различни места низ светот, соопшти денеска Европеската комисија.

Портпарол на Европската комисија изјави дека бројот расте, затоа што се повеќе луѓе пријавуваат тешкотии при обидите да се вратат дома.

Досега во рамките на механизмот за цивилна заштита во ЕУ биле вратени 2.124 Европејци.

Комисијата повика на максимална употреба на можностите за комерцијално патување. ЕК истакна дека задачата за враќање на европските граѓани е пред сé на земјите на Унијата.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ