ЕХФ СО НОВИ ТЕРМИНИ И СЦЕНАРИЈА ЗА ЛШ,ВАРДАР И ПИК С. НА МЕГДАН ВО ЈУНИ

Следејки ја состојбата со пандемијата предизвикана од Ковид 19, Европската ракометна федерација соопшти нови термини и сценарија за завршница на  сезоната.Што се однесува до планот  како да се доигра актуелната сезона во Лигата на шампионите,ЕХФ  најави натпревари во јуни.Според планираното, Вардар мечевите со ПИК Сегед од 1/8 финалето  ќе ги игра на 3 или 4 јуни во Скопје и на 6 или 7 јуни во Унгарија. Четвртфиналните натпревари би требало да се одржат    при крајот на јуни, а фајнл-фор турнирот во Келн на 22 и 23 август.

Најдоцна на 15 мај ќе биде потврдена одлуката или натпреварите ќе бидат откажани.

 

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ