ЕХФ го казни Вардар со 15.000 евра поради хомофобична парола

Македонскиот ракометен шампион вардар доби жестока казна од Eвропската ракометна федерација (ЕХФ) поради навредливата парола кон Талант Душебаев, истакната на трибините во салата „Јане Сандански“ за време на натпреварот против Кјелце во Лигата на шампиони.

Вардар ќе мора да плати казна од 15.000 евра поради навредливата и хомофобична парола на која пишуваше, „Талант петух“ или во превод, „Талант п***р“, наменета кон тренерот на полскиот тим.  Дициплинската комисија на ЕХФ реагираше, бидејќи Вардар како организатор на натпреварот не ја тргнал паролата од трибините, а била истакната од навивачите.

„Содржината на паролата ги нарушува сите принципи на спортот. Вардар не направи ништо за истиот да биде отстранет, не направи ништо за да обезбеди фер услови и почитување на противникот, па тие ја толерираа навредливата и хомофобична парола во текот на целиот меч“, стои во дел од соопштението на ЕХФ.

Вардар има рок од една недела да се жали на казната.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ