Египет наместо Камерун домаќин на Купот на африкански нации 2019

Египет е избран како дом на Африканскиот куп на нации ова лето, наместо Камерун, соопшти Африканската фудбалска конфедерација.Египет ја доби довербата од делегатите на извршниот комитет на ЦАФ во Дакар пред Јужна Африка, откако на Камерун му беше одземена организацијата на турнирот поради доцнењето на подготовките и проценките околу  безбедност во земјата.Египет по четврти пат ќе биде домаќин на најголемиот фудбалски турнир во Африка, за прв пат од 2006 година, кога беше шампион.Купот на африкански нации ќе се игра од 15 јуни до 13 јули.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ