ЕФИКАСНО ПРОТИВ АВСТРИЈА ЗА ВАЖНИ БОДОВИ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ

Нашата  фудбалска репрезентација со натпревар  против Австрија  ги продолжува квалификациите за пласман  на ЕП во 2020 година.После поразот  од  Полска,во таборот на македонската селекција едногласни, да се подобри ефикасноста,целта се бодови.Поради повреда неивесен е настапот на Елиф Елмаз.

Мора да настојуваме да бидеме на висината на задачата. Ние во континуитет играме добро, тоа не беше само со Полска, туку и со Словенија и Летонија. За жал тоа не ни донесе резултат, но се надевам дека со Австрија ќе дојдеме до бодови. Немам намера да отстапам од нашиот стил на игра и понатаму,. Австрија си има свои квалитети, имавме можност да го изанализираме нивниот натпревар со Словенија во кој славеа. Имаат индивидуални квалитети, но и како тим се доста добри. Се работи за крај на сезона, но мислам дека ќе останат во својот бундеслигашки стил и се потпираат на дуел-игра и трчање“, изјави на денешната прес конференција селекторот Игор Ангеловски.

Бевме доста добри со Полска, а ако согледаме добро се работи за еден квалитетен тим. Штета за нас што не одигравме барем нерешено. Ни дадоа шут по еден обичен допир. Имавме полуизгледни шанси. Се надевам дека против Австрија ќе успееме да постигнеме гол“, изјави напаќачот Илија Несторовски.

Австрија гостува на Арената  Тодор Проески утре вечер од 20.45,што е термин и за другите две средби во групата Полска-Израел и Летонија-Словенија.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ