Едни оштетени , други обештетени со ревидираната Годишна програма за култура

На неполн месец до почетокот на меѓународната манифестација „ Денови на македонска музика“, Сојузот на композитори, со ревизијата на Годишната програма за култура, остана без денар за нејзиното организирање.

  • И покрај уверувањата дека со ревизијата ќе се корегираат само резултатите за оние апликанти кои не добија сретства во првата објава, со која на СОКОМ како организатор на ДММ му беа доделени 1милион и 500 илјади денари, што е за половина помалку од побараните, иако проектот беше оценет со висока оценка од 97 бодови, во втората објава Комисијата решила тоа првично решение да го поништи во целина, стои во соопштението од Сојузот на композитори.

Од СОКОМ најавија приговор во кој  ќе укажат, како што велат , на опасностите од оваа одлука на Комисијата, со која се нанесува повеќекратна и далекусежна штета врз меѓународниот углед на манифестацијата, кај нејзините годинашни интернационални партнери. И режисерката Зоја Бузалковска, на Фб напиша дека ревидираната Годишна програма е забошотување  и тивка уцена на оние кои сакаат нивните институции да продолжат да постојат, наместо да се направи темелна ревизија.

  • Срамно е што Министерот за култура мисли дека „ го решил проблемот“, срамно е што Премиерот не мисли дека треба да побара оставка од ресорниот министер, по еден ваков скандал и што се задоволува со ваква солуција, вели Зоја Бузалковска-режисерка.А, „ Малиот Битолски Монмартр“, по првично објавените резултати од Програмата и по нејзината ревизија, остана со доделените 100 илјади денари, недоволни за годинашното 38 издание, велат од таму.
    • Ова што се случи годинава, верувајте, не можам да спијам. Не сакаме ни приговор да поднесеме, ви кажувам отворено. Ако сака некој нека дојде тука, да види и ако сака да помогне. Да ги види тие деца како творат по битолските улици, во Охрид и во Крушево, вели Коста Хаџиантоновски- „ Мал Битолски монмарт“.

    На вчера одржаната надзорна расправа на барање на опозицијата, за распределбата на сретствата со Годишната програма, министерот за култура Адеми се бранеше дека не го користел дискреционото право да одлучува по апликациите, туку дека за нив решавале комисиите. Истрага за резултатите од Годишната програма за култура, започна и Антикорупциската комисиј

Сотир Трајков

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ

Култура

Сликарот Мице Јанкуловски  доби „ Лоренцо Ил Мањифико“, за животно дело од Меѓународното биенале  на современа уметност во Фиренца

Мултимедијалниот уметник и директор на Галеријата Остен,  Мице Јанкуловски, е добитник на наградата „Лоренцо Ил...