Еден милион заразени и 50 илјади жртви во светот, пандемијата зема замав

Денеска пандемијата на коронавирусот ја надмина бројката на 1 милион заразени лица, но и бројката од 50 илјади жртви.Според последните, иако неофицијални информации, во моментов се рестристрани 1.000.168 заразени лица, 51.354 жртви и 37.003 лица кои се во критична состојба.Само во текот на последните 12 часа регистрирани се 65 илјади ново заразени и 4.162 жртви.

Најтешко погодени држави во светот се Италија, Шпанија, Франција и Велика Британија во Европа и САД каде што бројката на заразени но и на жртви рапидно се зголемува.

Најмногу заразени има во САД – вкупно 235.747 лица, а најтешко погоден е градот Њу Јорк кој сеуште не е во карантин. Најмногу жртви има во Италија, речиси 14 илјади, потоа е Шпанија со 10.096 починати и САД каде што властите регистрираа 5.620 лица кои починале како последица на коронвирусот.
Црните статистики покажуваат дека Шпанија има најголем број на пациенти во критична состојба – 6.092, во САДсе 5.412 а во Италија се 4.053 лица.

Стапката на смртност е највисока во Италија со 230 починати на еден милион жители, додека во Шпанија е 216 додека стапката на заразени на еден милион луѓе во Шпанија е 2.358, во Италија – 1.906, Германија  – 1.006 и САД со 712 лица.

Во петокот попладне беше надмиата бројката од половина милион заразени и беа потребни помалку од една недела таа бројка двојно да се зголеми.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ