ЕДЕН ДВА НА МЕРЦЕДЕС ВО ШПАНИЈА,ПОБЕДА НА ХАМИЛТОН

Луис Хамилтон е новиот лидер во Формула 1 шампионатот.Британскиот ас триумфираше  на трката за ГН на Шпанија .Пилот на Мерцедес го изведе клучниот маневар  уште на стартот, го презеде водството од Валтери Ботас и за задржа на 1.место до комплетирање на последниот, 66 круг. Мерцедес и петти пат сезонава успеа  за забележи 1-2 . Ботас го зазеде второто место, место на пиедесталот избори и  Макс Ферстапен од Ред Бул .Себастијан Фетел на Ферари  заврши на четвртата позиција. Британецот го имаше и најбрзиот круг на трката.За актуелниот шампион ова е 76 победа во кариерата и  трета по ред на патеката Каталуња  Хамилтон се проби  во поредокот на возачи со 112 бода,пред  Ботас кој  има 105.Следната Формула 1 трка ќе се вози  на 26 мај во  Монако.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ