Е.РАБОТНИК ГО ПОБЕДИ ВЕСПРЕМ

Битолската екипа приреди сензација ,го порази Веспрем со 26-24 и остана со максимален ефект после три меча  во деби сезоната од Сеха лигата.

Првиот гол на дербито во Битола  падна дури во 4.минута за водство на Еурофарм,а од 15-та,македонската екипа  понесена  од  одбраните на Митревски влезе во извонреден ритам .Домашниот вицешампион на  три пати во 17,20 и 25. минута имаше плус 5, а на полувремето замина со изненадувачки за унгарците 14-8.Во вториот дел,Веспрем се врати во игра.Гостите стигнаа до 19-19 во 47 минута,но Работник не дозволи пресврт.Јотиќ со  8 голови беше најефикасен кај битолската екипа ,Гајиќ со 9 кај гостите.Митревски  заврши со  12  одбрани.Еурофрам Работник се проби до врвот од Б групата со  9. бодови колку што има и   Веспрем .Унгарците имаат меч повеќе.Во  наредното коло од Сеха лигата ,Работник на 5 октомври гостува кај Загреб.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ