Двојните државјани ќе може да излегуваат од државата со пасоши на другите држави, одлучи МВР среде пасошката криза

Граѓаните кои имаат патни документи од други држави, може да патуваат и да излегуваат од државата со тие пасоши, ова е содржината на телеграмата која од МВР ја испратиле до граничните премини за да се олесни справувањето со пасошката криза.

Инаку сите гражани со двојно државјанство за излез од државата мора да го покажат македонскиот пасош.

Комисијата на МВР која одлучува за барањата за пасош во петок одлучиле да дозволат издавање на пасоши на 231 граѓани, додека одбиле 142 барања на граѓани за издавање на пасоши. Најголем дел од барањата се однесуваат на здравствени причини, додека помал дел одобрени пасоши се поради неодложни бизнис обврски, информираат за Телма од МВР.

Откако изби пасошката криза, министерот Чулев одлучи преку комисија на МВР во која ќе има и лекар да одлучува кој треба попрво да добие пасош. Граѓаните првин се пријавуваат во управните оддленија по градовите, а комисијата наредниот ден одлучува кој треба да добие. Во оваа постапка нема предвидена можност за жалба на одбиените.

Во моментот останати се уште 3.146 обрасци за патни исправи, а до сега аплицирале над 16 илјади граѓани.

Комисијата на МВР ќе има состанок и денеска за барањата кои се доставени преку викендот и денеска.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ