Двегодишно дете меѓу четирите новозаболени во Прилеп

Едно деветгодишно дете со неговата мајка, и уште две лица на 35 годишна возраст се четворицата новозаболени од коронавирус во Прилеп. Откако завчера во овој град се регистрирани првите две заразени лица, сопружници на шеесетина години, направени се вкупно 20 тестирања. Утврдено е засега дека брачниот пар имал контакти со мајката и детето. Сопружниците не излегле надвор од државата, а негативен на вирусот е нивниот син кој пред две недели се вратил од патување во соседна земја.

Епидемиолошката служба во моментот работи да ја најде поврзаноста на случаите. Тоа е нивната задача да се најде изворот на заразата, рече Драгица Николовска, директор на Центар за јавно здравје Прилеп.

Четирите нови случаи во Прилеп позитивни на короноавирусот се во добра здравствена сосотјба и се во изолација, а исто така излорани се и оние кои имале контакти со нив.

Двајцата заболени се транспортитани во Клиниката за инфективни болести во Скопје. Останатите четворица се во добра здравсвена сосотојба и сите оние кои ќе бидат без симптоми ќе бидат во самоизолација во своите домови, вели Николоска.

Засега во Прилеп нема позитивни здравствени работници, а градоначалникот Илија Јовановски повика да не се шири паника, граѓаните одгворно да се однесуваат и сите оние кои биле во контакт со заболените, да се охрабрат и да се пријават во надлежните здраствени служби.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ