Две нови жртви од коронавирусот во Србија

Две лица заразени со коронавирусот починаа во изминатото деноноќие во Србија, соопштија од српското Министерството за здравство, со што во Србија вкупно починаа шест лица од коронавирус.Станува збор за 80 годишен жител на Беглрад и 62 годишна жена од Ниш, двајцата со историја на хронични болести.

Советничката за медиуми на претседателот Александар Вучиќ, Сузана Васиљевиќ, не ја исклуи можноста за дополнителни ригорозни мерки за трите града со најголем број на регистрирани случаи – Белград  со 158 потврдени случаи на коронавирс, Ниш каде се 40 и Ваљево каде 38 лица се заразени.

Таа за „ТВ Прва“ изјави дека претседателот Александар Вучиќ вчера на состанок на кризните штабови ги прашал лекарите за потребата од затворање на трите града и дека лекарите рекле дека засега тоа не треба да се направи и да ситуацијата треба да се преиспита за 24 часа. Васиљевиќ кажа дека мерката изолација на цел град подразбира дека нема да има транспорт помеѓу градовите и дека луѓето не можат да излезат и да влезат во градот, за заразата да не се шири, но дека треба да се овозможи снабдување со храна.

Таа кажа дека на премиерката Ана Брнабиќ и на нејзините соработници им биле извршени тестови на коронавирус и додаде дека „мисли дека резултатите се негативни“.

-Колку што знам, потврдено е само дека во кабинетот на министерот за екологија Горан Триван има заразени, потврди Васиљевиќ, мислејќи на државниот секретар Бранислав Блажиќ.

Откако се појави првиот случај на коронавирус во Владата на Србија, министрите најверојатно во иднина ќе одржуваат седници во „Палатата на Србија“ (поранешен СИВ), бидејќи таа зграда е попространа и полесна за спроведување на сите мерки за да се спречи ширењето на заразата, пишуваат Новости.

 

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ