Две лица загинаа во страотен судир на патот кон Драчево

Трагична сообраќајна несреќа се случи доцна синоќа на булеварот Борис Трајковски на патот кон Драчево. Во директен судир на две возила загинаа две лица.

Полицијата информираше дека во возилото „голф 5“ бил 21-годишниот Ш.С. од село Батинци, а во другото возило марка пежо бил 48-годишниот З.Ѓ од Драчево.

Жртвите биле сами во автомобилите, а причината за несреќата полицијата ќе ја соопшти во текот на денешниот ден.

Неофицијално, 21-годишниот возач на голфот возел со брзина од 160 километри на час, претекнувал на полна лента и се судрил директно со пежото кое доаѓало од спротивниот правец.

Судирот бил толку силен што од возилата речиси не останало ништо.

До доцна во ноќта на лице место беа собрани видно вознемирени граѓани, но и роднини на жртвите, а сообраќајот беше блокиран.

Инаку, досегашниот биланс на оваа локација се 7 жртви во рок од 14 дена. Граѓаните често посочуваа дека токму на овој булевар се вози со голема брзина.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ