Две лица сомнителни за инфицираност со коронавирусот побегнале од Штипската болница

Двајца пациенти попладнево скршиле прозорец и избегале од штипската болница каде се пријавиле по скорото враќање од Италија, потврди за Телма министерот Наќе Чулев.

Станува збор за маж од Виница и за неговата партнерка хрватска државјанка кои пред неколку дена стигнале од Италија.

Мажот имал симптоми, и двојката тргнала во Штип на инфективното одделение. Таму пациентот станал агресивен и двајцата избегале откако го искршиле прозорецот. Откриени се во нивниот дом  во Виница, каде според МВР полициски тим заедно со експерти од институтот за јавно здравје се обидуваат да ги вратат назад во болницата.

 

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ