Две години затвор за Груевски, за луксузниот мерцедес

Експремиерот Никола Груевски дојде во судот, но не ја слушна пресудата од 2 години затвор што му ги изрече судијката Добрила Кацарска за луксузниот блиндиран Мерцедес.

Од утринава му се судеше за „Траекторија“ за кинеските автопати, но иако тоа рочиште беше прекинато поради пресудата за „Тенк“ столчето на Груевски остана празно. Адвокатите не открија зошто, велат само дека не мора да присуствува на изрекување на пресуда.

Екс помошникот министер, Ѓоко Поповски беше спроведен од Шутка каде се наоѓа по вчерашната пресуда од 9 години затвор за „Триста“. Денеска доби уште 6 и пол години за фаворизирање на мерцеседес од 600 илјади евра. Направил незаконска набавка за да му ја исполни желбата на Груевски кој го искористил своето влијанието како премиер, објаснуваше судијката која испрати порака до политичарите дека треба да се грижат за интересите на граѓаните.

Тендерот бил правен според техничките спецификации на мерцедесот за да отпадне конкуренцијата објаснуваше Кацарска, анализирајки ги доказите повеке од половина час. Ја цитираше комуникацијата меѓу германската фабрика и Мак Ауто Стар која уште пред да се случи тендерот го резервирала мерцедесот,  а како доказ дека набавката била незаконска ги посочи и 8-те бомби

Адвокатите од одбраната се незадоволни и најавија жалба пред Апелација.

„Тенк“ траеше 3 и пол месеци, и е прва неправосилна пресуда за екс премиерот Груевски. Но, тој ќе треба и понатаму да доаѓа во Кривичен за уште 4 други предмети на СЈО. „Титаник“ за изборните нерегуларнсоти, „ТНТ“ за уривањето на Космос, „Траекторија“ и „Шамарите во Центар“.

За злоупотреба на службената положба во „Тенк“ обвинета е и екс министерката Јанкуловска, но беше издвоена од овој предмет поради ризична бременост. Судењето против неа е закажано за јуни.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ