Две бронзени медали за каратистите на Макпетрол

Викендов во Самобор, Загреб се одржа 29. по ред карате турнир кроација гранд при, со пријавени рекордни 1930 спортисти, од 268 клубови и 22 национални репрезентации..

Каратистите на Макпетрол од Скопје, заминаа на овој турнир за да ја проверат својата форма непосредно пред настапот на европското првенство кое треба да се одржи во првата недела на месец февруари, 2020 година во Будимпешта.

Медалите ги освоија Стефан Стојановиќ во категорија јуниори -76 кг и Марија Петровска во категорија јуниорки -48 кг..

Стефан Стојановиќ до медалот стигна со пет победи и еден пораз во полуфиналната борба.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ