Двајцата повредени ученици од „Добре Јовановски“ настрадале од невнимание

Тенденциозни и невистинити се тврдењата на невладината „РОМА СОС“ дека депандансот на основното училштето „Добре Јованоски“ од Прилеп е руиниран, небезбеден и дека тоа е причина за двете несреќи во кои се повредиле ученици, одговорија денеска од ова училиште. Ги отворија вратите за медиумите во објектот каде поради недостиг на простор во главната училишна зграда учат 174 третооделенци. Според директорката причина за несреќите е невнимание на учениците.

„Точно е дека минатата година и годинава се случија два несреќни случаи со ученици, но тие не се поврзани со квалитетот на изградбата на објектот“, изјави директорката Сузана Дарковска.

Првата несреќа се случила во мај лани, кога ученик за време на одморот паднал на скалите и се повредил, а втората е од јануари годинава, кога третооделенец пред почетокот на наставата, се качил на оградата висока два метра и паднал од надворешната страна на училишниот двор, тврди директорката. Вели дека во објектот постојано имало интервенции за подобрување на условите. Дел се реализирале лани, а дел годинава по укажувањето на санитарниот инспекторат, откако невладината „РОМА СОС“ за несреќите поднесе претставка до надлежните институции.

„Државниот санитарен инспекторат изврши увид во училиштето, дадени се одрени насоки, тие се извршени. Државниот просветен инспекторат констатраше дека училштето презело повеќе активности за подобрување на условите за работа, што е на задоволително ниво, така што не постојат опасности за учениците, односно просторот во зградата и дворот се безбедни за учениците“, изјави Дарковска.

Од „РОМА СОС“ денеска преку соопштение одговорија дека добро е што училиштетот презело мерки за санација на недостатоците по нивната претставка, но дека тоа не е решение за безбедна и квалитетна настава и остануваат на барањето обејктот да се затвори а учениците да се префрлат во главната училишна зграда.

Од училиштетот „Добре Јованоски“, велат, во овие простории на поранешното воено училиште, настава се релзиара повеќе од 15 години, а објектот не е во нивна сопсвеност и не може да се изврши комплетно реновирање, како што во моментот се изведува во главната училишна зграда.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ