Држете растојание колку што е широко Фиќото, бараат битолските уметници од граѓаните

Битола осамна со прикази на возилото „ Фиќо“, по улиците, направени од иверица. Целта на оваа уметничка акција, како што велат нејзините автори, кои сакаа да останат анонимни, е испраќање порака особено до постарите генерации кои се најчувствителни на корона вирусот, да одржуваат растојание меѓу себе од 2 метри, колку што е потребен простор за да помине едно Фиќо.

Акцијата е испирирана од една анегдота од 70- тите и 80- тите години на минатиот век, кога што и да се градело или поставувало низ Битола, требало да се остави простор, колку да помине Фиќо, велат авторите на акцијата за Телма. Покрај силуетите на жолти фиќа, уметничката акција вклучува и налепници во форма на корона вирусот, кои потсетуваат на потребата од одржување растојание на отворено и при влез во продавници.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ