Државата се задолжи – утре ќе треба да се раздолжи

Државата денеска на домашниот пазар се задолжи со сума од 53,5 милиони евра, а во следните неколку дена ќе треба да се раздолжи за истата сума, односно 45 милиони евра ќе врати утре и уште осум милиони евра за три дена. При тоа од Министерството за финансии посочуваат дека нов долг не се креира туку државата се задолжила за да ги раздолжи старите долгови. Денешната аукција на државни хартии од вредност е редовна и е најавена во календарот за задолжувања.

Издадени се петгодишни и едногодишни државни хартии од вредност за кои домашните кредитори имале огормен интерес, односно понудиле сума од близу 190 милиони евра.

Јавниот долг според последните објавени податоци за јуни годинава изнесува 46,7 % од БДП или Македонија должи 5,3 милијарди евра.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ