Државата се задолжи 24 милиони евра а утре треба да се раздолжи 9,2 милиони евра

Државата денеска се задолжи со сума од близу 24 милиони евра на домашниот пазар а утре треба да врати стари долгови во износ од 9,2 милиони евра.

Од Министерството за финансии – прецизно не објаснуваат зошто задолжувањето е многу повеќе над износот за кој треба утре да се раздолжат, но посочуваат дека се води исправна политика – која води кон намалување на буџетскиот дефицит и стабилизирање на јавниот долг.

„Нето-повлекувањето за 2019 година досега изнесува 134 милиони евра и е под планираното со буџетот и под одлуката на Влада за максимален износ на повлекување на државни хартии од вредност од 150 милиони евра за годинава“, велат од Министерството за финансии за Телма.

Јавниот долг во земјава изнесува 5,4 милијарди евра што е 47,7 отсто од БДП.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ