Државата губи 15.848 евра на годишно ниво за секој отселен млад човек

Сумите кои земјата ги губи поради иселувањето на младите луѓе се огромни. Во изминативе 15 години земјава ја напуштиле речиси 500.000 луѓе покажуваат анализите на Светска банка. Според последните истражување 74 проценти од младите луѓе кои ја напуштиле земјата заминале за да бараат работа, 36 % се во по потрага по подобар живот и останатиот дел дел се фрустрирани поради политичката ситуација.

Според истражувањата државата на годишно ниво губи 15. 848 ЕУР од еден отселен човек или на годишно ниво би било околу 300 милиони евра од бруто домашниот производ,

вели Иво Јованов, координатор на Мрежата за спречување на одлив на мозоци.

Се поставува прашањето што е потребно да се направи имајќи предвид дека надлежните институции многу малку преземаат системски мерки.  

Пред се потребата од попис е потребна бидејќи според Државниот завод за статистика само 141 човек се отселил од Македонија во 2017-та, додека според Светската банка таа бројка изнесува од 400 до 600.000 луѓе,

вели Јованов.

Второ можно решение е да се почитуваат веќе постоечките стратегии и документи бидејќи во моментов постои стратегија за соработка и вмрежување со високо образовни и стручни кадри 2013 и 2014 та година, но за жал има направено само еден акциски план што говори колку истата е приоритет во нашава земја, заклучува Јованов.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ