Друштвото на филмски работници бара редефинирање на моделите за финансирање

Друштвото на филмски работници на Македонија, на денешното редовно годишно Собрание , едногласно ја изгласа иницијативата за редефинирање на моделите за финансирање во филмската дејност во државата.

Како што изјави претседателот на ДФРМ, Игор Иванов- Изи, иницијативата потекнува од константната неизвесност со која се соочуваат при промената на секоја власт, која со доаѓањето ги менува правилата според кои се финансира филмската продукција. Ние сакаме да работиме според стабилни европски стандарди, дополни Иванов.

Од ДФРМ бараат три нови начини за субвенционирање: Ставката за финансирање од буџетот на државата да биде по глава на жител и да изнесува 2-3 евра; 2. Финансирањето на филмската продукција да се врши преку алтернативни извори, како што е финансирањето од игри на среќа , што како ставка сега е укината и усмерена кон подршката на спортот и 3. Воведување даночни олеснувања и финансирање на филмот и преку локалната самоуправа. Иницијативата во вид на писмо, ќе биде доставена до кабинетот на премиерот на РСМ, министерствата за финансии и за култура и до Агенцијата за филм, која ја врши распределбата на сретствата.

Според директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија, неопходен е стабилен буџет, особено сега кога се работи на новиот Закон за аудио- визуелна дејност.

Годинава, кога ДФРМ ја одбележува 70 годишнината од основањето, од Друштвото најавија дека ќе се борат и за подобрување на статусот на филмските работници кои не се директни автори во процесот, но се важни чинители за секоја филмска продукција.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ