Драма на натпреварот Словенија – Германија, која заврши со реми 25-25

Драма на натпреварот помеѓу Словенија –  Германија во рамки на 2.коло во групата Ц на Европското првенство во Хрватска.

Напреварот делуваше како добиен за Словенците откако поведоа со 25-24 на само неколку секунди до крајот. Германија успеа да дојде до реми откако литванските судии по неколку минутно прегледување на видео-снимката прво му покажаа директен црвен картон на Блаж Благотиншек, а потоа досудија пенал за Германија.

Тобијас Рајхман беше прецизен од линијата за седум метри за конечни 25-25.

Словенија водеше во текот на речиси цел натпревар и беше на прагот на големи изненадување против актуелниот европски првак. Во првиот дел, момците на Веселин Вујовиќ водеа и со шест голови разлика, а на полувремето имаа предност од 15-10.

Во вториот дел Германците почнаа да ја топат предноста на противникот, па дури дојдоа и до водство од 20-21. Се играше гол за гол до крајот, а кога Словенците мислеа дека ја обезбедија победата со голот на Блаж Јанц во последните секунди, на сцена стапија литванските судии со својата контраверзна одлука.

Официјално Благотиншек добил директен црвен картон, а Германија пенал, бидејќи пикерот на Словенија попречил противничката репрезентација да направи брз центар.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ