ДРАГАНА ЦВИЈИЌ ВО ОЛ СТАР ТИМОТ НА ЛШ

Во пресрет на завршниот турнир  од женската ракометна Лига на шампиони на ЕХФ,избран е најдобриот тим за сезоната.Од номинираните четири ракометарки на ЖРК Вардар ,во идеалниот состав се најде единствено пивотот Драгана Цвијиќ.

Ростов Дон има две претставнички  во Ол стар тимот, крилните играчи Сираба Дембеле  и Јулија Манагарова .На левата бековска позиција е Кристина Неагу  од ЧСМ Букурешт,среден бек Вероника Кристијансен – Митјиланд,десен бек е Ана Грос од Мец,Кари Алвик Гримзбо од Ѓер е на голманската позиција.За најдобар дефанзивец е прогласена Сузана Томори од Ѓер.Најдобра млада ракометарка на лигата е Тјаша Станко од Крим а тренер е Амброш Мартин,стратегот на Ѓер.

Утре на  Ф4  турнирот  во Будимпешта,Вардар во полуфиналето игра со Ростов Дон(18.00).ЧСМ Букурешт-Ѓер (15.15) е втората полуфинална двојка.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ