ДПМ ги соопшти  добитниците на наградите за најуспешни книжевни дела во 2017

Романот „Манастир Фуентерабија“ на Јагода Михајловска–Георгиева ја доби наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобро прозно дело во 2017 година.

Ристо Василевски ја доби наградата „Ацо Шопов“ за поетската книга „Оди во кругот“, Ангелина Бановиќ-Марковска е добитничка на „Димитар Митрев“ за книгата есеи „Дискурс и екскурс“, на Васил Мукаетов му е доделена наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца – за стихозбирката „Скокни, прескокни. На конкурсот на ДПМ пристигнале 76 книжевни дела објавени минатата година, а за петте годишни награди одлучија пет тричлени жири-комисии.

Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на на 13 февруари во ДПМ.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ