Довициозо и Лоренцо за 1-2 победа на Дукати во Брно

Мотоциклистите на Дукати Андреа Довициозо и Хорхе Лоренцо дојдоа до еден-два победата на Чешкото гран-при во Мото ГП шампионатот.

Довициозо најдобро се снајде во битката со својот тимски колега, но и со Марк Маркез од Хонда, кој на крајот мораше да се задоволи со третото место на подиумот.

Ветеранот Валентино Роси од Јамаха финишираше на четвртото место и испиша нова историја, бидејќи стана првиот мотоциклист со 6.000 освоени поени во најсилната мото-класа.

За Довициозо ова беше прва победа по премиерната трка сезонава во Катар, па сега се искачи едно место погоре во генералниот пласман на сметка на Маверик Вињалес и се наоѓа на третото место.

Лидер останува Марк Маркез со 181 бод, додека Валентино Роси е втор со 49 бодови помалку.

До крајот на сезоната има уште девет трки, а следната се вози веќе следниот викенд во Австрија на патеката „Ред Бул ринг“.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ