Доверителите на Фени ќе прават увид во побарувањата

Стечајниот управник на Фени во дневниот печат објави јавен повик, со кој ги известува  доверителите  дека посебната табела на утврдени и оспорени побарувања е депонирана во стечајното досие и дека шемата е објавена на огласната табла на Основниот суд во Велес.

Тоа значи дека сите кои што имаа побарувања од комбинатот Фени, а тоа се над 1000 доверители,  имаат рок од 8 дена, во табеларниот приказ на побарувања претставен на десетици страници,  да проверат дали и колку од побарувањата им се признаени или одбиени и доколку се оштетени можат да поднесат приговор.Според информациите на Телма, денеска имало состанок помеѓу претставниците на вработените во комбинатот и стечајниот управник кој ги уверил работниците дека нивните побарувања од околу 400 000 денари, не се спорни.

Детални информации за тоа колкав е вкупниот долг на комбинатот, чии приговори се признаени односно одбиени ќе се знае на рочиштето што е закажано за 9 февруари. Тогаш треба и официјално да биде соопштено која компанија се јавила на огласот со кој се бараше домашен или странски инвеститор кој фабриката ќе ја стави во погон. И покрај очекувањата на владата интересот по огласот да биде поголем односно понуда да достават и др.компании, според информациите на Телма , единствен понудувач останува швајцарската фирма Фос Асет Менаџмент која се декларираше како сериозен инвеститор така што депонираше 3 милиони евра.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ