Дортмунд го прегази Шалке во рурското дерби, кикс на Лајпциг (ВИДЕО)

Бундеслигата денеска го имаше својот официјален рестарт на сезоната по двомесечната пауза поради коронавирусот.

Борусија Дортмунд оствари убедлива победа од 4-0 против локалниот ривал Шалке во рамки на 26.коло.

Пред празните трибини на „Сигнал Идуна Парк“, Ерлинг Халанд ја најави победата на „милионерите“. Два пати во голот на гостите од Гелзенкирхен погоди Рафаел Гереро, додека стрелец беше и Торган Азар.


Лајпциг киксираше на свој терен против Фрајбург играјќи 1-1. Гостите поведоа со голот на Мануел Гулде во 34-тата минута, додека Јусуф Поулсен погоди во 77-та минута за да му донесе бод на домашниот тим. ВАР-технологијата поништи гол за гостите во 93-тата минута.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Аугзбург – Волфсбург 1-2
Фортуна Д. – Падерборн 0-0
Хофенхајм – Херта 0-3
Ајнтрахт Ф. – Борусија М. (1-3)

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ