Дописот од МНР за новото уставно име прва го чека официјална Љубљана

Дописот од МНР за важноста на новото уставно име прва го чека официјална Љубљана, по што во вторник словенеќкиот парламент ќе го ратификува Протоколот за пристапување на земјава во НАТО.

Предвидено е реатификацијата да се случи пред обраќањето во словенечкиот парламент на претседателот на Собранието Талат Џафери, кој е во  официјална посета на Словенија.

Во забрзана процедура, според информациите на Телма, се очекува да има ратификација на Протоколот и во други земји партенри од Алијансата.

Во Четврток – Протоколот ќе го ратификува парламентот на Албанија.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ