Доналд Ворен Мофет: Америка сега ме потсетува на Германија во 1932

Мојот претседател оди предалеку и истите нешта ме потсетуваат на Германија во 1932 година, вели во интервју за Телма, американскиот актер и режисер Доналд Ворен Мофет. Тој во Драмски театар ја подготвува комедијата „ Не соодветно за на работа“, чија премиера е закажана за 27 јули, на „ Охридско лето“. Во интервјуто, Мофет , кој како актер има настапувано на Бродвеј, соработувал со Кевин Спејси, а играл и во филмови на Бертолучи, Содерберг, Кофман и на други познати режисери, зборува за пристапот кон претставата „ Не соодветно за на работа“, како и за разликата да се работи театар во САД и кај нас.

Телма: Имате работено на повеќе добро познати филмови, театарски претстави и телевизиски програми.Па, во што е разликата меѓу работењето во САД и овдека?

Доналд Ворен Мофет: Ние немаме театарски компании.Јас формирав една театарска компанија во Чикаго, но се разбира, започнавме и немавме плати. Тоа беше само љубов кон театарот. Драмски е театарска компанија. Драго ми е што актерите се познаваат меѓу себе. Кога правиме претстава во Америка, сите се странци, обично. Сите се странци. Овдека сите се познаваат. Понекогаш на пробите јас сум …А тие гракаат- зборуваат. Јас им дозволувам зашто знам што значеше кога бев во компанијата во Чикаго, актерите понекогаш наоѓаат подобри решенија од тие што јас можам да им ги дадам.

Телма: Во врска со континуираното кратење на културата во јавниот простор, каква ќе ни биде иднината?

Доналд Ворен Мофет: Се надевам дека интелигентните луѓе ќе победат. Не знам дали ќе успеат. Тие сигурно не победуваат во мојата земја, сега. Но, јас верувам дека луѓето за кои мислиме дека не се интелигентни, дека всушност се интелигентни и можеби ќе се разбудат.И ќе речат, ова не е добро, ова не е добро, сигурно во мојата земја! Мојот претседател оди предалеку сега и истите нешта ме потсетуваат на Германија во 1932 година. Тоа не ми се допаѓа. И се надевам дека останатите мои сограѓани, Американци,  се будат, исто така.

Телма: Ја подготвувате драмата „ Не соодветно за на работа“, од Луси Кирквуд. Ја подготвувате за ова издание на фестивалот Охридско лето. Со што ве инспирира таа ?

Доналд Ворен Мофет: Помислив дека е добра за ова лето. Многу е забавна, но и многу интелигентно напишана. Многу е остра. Ми се допаѓа и ја нарекувам комедија со заби.Се надевам дека сите ќе уживаат.Мислам дека кастингот е направен добро.

Телма: Што се однесува до жанрот фарсична комедија, што барате од актерите? Како тие треба да играат?

Доналд Ворен Мофет: Таа е повеќе од комедија. Првиот чин е многу комичен. Вториот чин е некако тежок, а третиот чин е некако бизарен. Мислам дека текстот ме потсетува на творештвото на Сем Шепард. Кај Сем Шепард, актерот треба да има воља да стане објективен. Ако мојата објективност е да те натерам да ти се допаднам, а велам – Те мразам! – Секогаш сум те мразел! –Те мразам! Но, мојот поттекст е –Те мразам! –Те мразам! -Секогаш сум те мразел!  Треба да се усвои поттекстот, кој е различен од јазикот. Актерите добро реагираат на тоа. Добро ни одат пробите.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ

Вести

„Медена земја“ од четврток ќе се прикажува во Прилеп Наградуваниот макеонски документарен филм „Медена земја“...