Доналд Трамп се повлекол од нуклеарниот договор со Иран за инат на Обама

Американскиот претседател Доналд Трамп го напуштил нуклеарниот договор со иран за инат на неговиот претходник Барак Обама. Ова го пишува британскиот амбасадор во САД, Ким Дерок, известувајќи го својот шеф Борис Џонсон за ситуацијата по одлуката на Трамп, Америка да се повлече од меѓународниот договор, кој го обврзуваше Иран да ги намали своите нуклеарни активности. Во новите дипломатски депеши, кои протекоа во јавноста, Дерок заклучува дека има впечаток дека Трамп го напушта договорот од лични причини, бидејќи пактот беше склучен од барак обама.

“Администрацијата е ставена во еден акт на дипломатски вандализам, наизглед од идеолошки, но и лични причини , ова беше договор на Обама, пишува дерок. И додава дека администрацијата не е способна да направи една дневна стратегија, дополнително што немаат никаков план за партнерите и сојузниците, без оглед дали е тоа Европа или другите држави кои се дел од договорот.

Последниве откритија медиумите ги објавуваат и покрај заканите од Скотланд Јард дека отвора истрага за тоа како протекле овие дипломатски преписки. Но, уредниците реагираа дека станува збор за слобода на медиумите.  Во првите објавени дипломатски документи, кои ги заострија односите меѓу Вашингтон и Лондон, Дерок ја опишува американската администрација за неспособна и млитава. На што Трамп одговори дека Ким Дерок е многу глупав човек и објави дека повеќе нема да собработува со него. Брзо потоа британскиот амбасадор си поднесе оставка, иако доби поддшка од владата, но не и од неговиот поранешен шеф, Борис Џонсон, кој има големи шанси да седне на премиерското столче.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ