ДОМИНАЦИЈА НА МАРКЕЗ ВО ХЕРЕЗ

Светскиот првак во мотоциклизам,Марк Маркез брзо се поправи за  излетување на Американското Гран  при и денеска доминираше пред домашната публика  на трката во  Херез.Успехот на шпанските мотоциклисти  во најсилната МОТО ГП класа со пласман на подиумот го комплетираа Алекс Ринс на Сузуки и Маверик Вињалес од тимот на Јамаха.

Маркез на Хонда успеа по стартот да се избори за 1-то место, позиција што не го  испушти до крајот возејки соло трка.Двоецот на Петронас Јамаха,Квартараро и Морбидели кој ги имаа најдобрите две позиции во квалификациите потрфлија  на 4-та трка од сезоната. Дефект на моторот го оддалечи  младиот французин  од борба за подиумот,италијанцот Морбидели заврши на 7 место.

Со третата победа сезонава,Маркез се проби до врвот  во генералниот пласман со 70 бодови,1 повеќе од Ринс ,3 од Дивициозо и 9  бодови од Роси кој денеска по старт од 13 позиција финишираше на 6.место.Сезоната продолжува во Ле Ман,каде на 19 мај ќе се вози трка за ГП на Франција.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ