ДОМИНАЦИЈА НА ИГРАЧИТЕ НА МАНЧЕСТЕР С. И НА ЛИВЕРПУЛ ВО ТИМОТ НА СЕЗОНАТА

После  дербито на Манчестер кое го доби Сити со 2-0 на Олд Трафорд,соопштен е тимот на сезоната во Премиер лигата.Според очекувањата  доминираат играчите на Манчестер Сити  со 6. и на Ливерпул со 4 претставници.Единствено Пол Погба се најде во избраното друштво како фудбалер на Јунајтед На голот е бразилскиот голман Едерсон од Манчестер Сити. Во одбраната се најдоа тројца дефанзивци  на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, Енди Робертсон и Трент Александер-Арнолд, како и еден играч на Манчестер Сити – Ејмерик Лапорт.Средниот ред е составен од Бернардо Силва и Фернандињо од Сити додека Пол Погба од Јунајтед  е единствениот фудбалер  кој доаѓа од останатите 18 клубови  во лигата.Напаѓачкото трио го предводи Садио Мане од Ливерпул, во  друштво на офанзивците од Сити,  Рахим Стерлинг и Серхио  Агуеро кој  е единствениот играч од ланската постава што    се најде во идеалниот состав  и за  оваа сезона.Инаки Сити после триумфот над Јунајтед со голвоите на  Силва и на Сане   се  врати на 1.место од табелата со еден бод повеќе од Ливерпул во пресрет на последните три кола од сезоната.Во наредното 36.коло,Ливепрул го пречекува Хадерсфилд,Сити гостува кај Барнли.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ