Долниот дом на Шпанскиот парламент го ратификуваше пристапниот НАТО протокол  за членство на Македонија

Долниот дом на Шпанскиот парламент, утрово го ратификуваше пристапниот протокол  за членство на Македонија во НАТО.

„Со 279 гласа ЗА и еден против, пртоколот беше усвоен од страна на Долниот дом, следната и последна станица е Сенатот“, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Шпанија е последната земја членка на НАТО која треба да го усвои протоколот за Македонија да стане 30-та земја членка на Северноатланската алијансата.

Процесот таму се оддолжи поради изборите и формирањето на Владата. Протоколот кај нас беше ратификуван со одложено дејство, заради распуштањето на Собранието и предвремените парламентарни избори.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ