Документарецот „Медена земја“ македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“

Документарецот „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“, соопшти Друштвото на филмски работници на Македонија.

Во конкуренција биле и „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ во режија на Теона Стругар Митевска, „Еј“ на Васил Христов, „Дедо и внук“ на Илија Пиперковски, „Боите на Преспа“ на Перо Попов и „Џезмен“ во режија на Аљоша Симјановски.

Во комисијата што избра „Медена земја“ да биде македонски кандидат за номинација за најпрестижната американска филмска награда членувале: Игор Иванов, претседател на ДФРМ, Ангела Несторовска, продуцент, актерите Аксел Мехмед и Игор Ангелов, Сашко Потер Мицевски, филмски монтажер и дизајнер на звук, режисерката Дина Дума и Горан Игњатовски, мејкап-дизајнер.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ