Докторката која му даде боледување на Тони Трајковски во понедленик е повикана во судница

Докторката која му даде боледување на поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски и препорака дека не може да го следи судењето, во понедленик е повикана во судница да одговори на прашањата на судиите.

Во соопштението на кривичен, не се открива нејзиното име, но вчера судиите ја споменаа докторката Викторија Вујовиќ која е познат невропсихијатар од клиниката за психијатрија.

Со цел утврдување на фактичката состојба, доследно почитување на правата на странките во постапката, како и јавниот интерес за предметот, судот ќе и овозможи на докторката, јавно да ја образложи здравствената состојба на обвинетиот и причините за неговата спреченост да присуствува на судењето, за што веќе има издадено соодветна докуемнтација, информираат од судот.

Трајковски вчера дојде на судење, но со медицинска документаицја дека не може да го следи. Во судница додека седеше се држеше за глава, а од судот по рака го изнесе неговиот адвокат Јовица Страшевски кој рече дека здравствените проблеми му се последица од претепувањето на 22 декември минатата година.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ