Докторите го повлекоа Никола Тодоров од сведок во случајот за Тамара Димовска, мајката инсистира

Го предложиле, па го повлекоа. На листата сведоци повеќе не е екс министерот за здравство Никола Тодоров бидејќи обвинетите се откажаа од голем број на нивни сведоци меѓу кои и Тодоров. Ова беше прифатливо и за обвинителот Анел Фидоски, но не за мајката. Судијата Марин Станев само го констатираше  барањето на адвокатите.

На денешното рочиште сведочеше матичната докторка на Тамара и правник од велешката болница. Матичната Розета Босилкова потенцираше дека последен пат тамара била донесена седум месеци пред да почине. Според обдукцијата рече, девојчето починало од бронхопневмонија. Татјана Атанасова пак потврди дека во велешката болница нема пулмологија, а на интензивна нега Димовска не била пациент.

9- годишната Тамара Димовска умре чекајќи државата да и одобри лекување во странство од сколиоза. На обвинителна клупа се доктори од двете комисии и екс директорите на фондот за здравствено. Во тоа време министер беше Никола Тодоров па во кривичната која ја поднесоа родителите и хелсиншкиот комитет го имаше и него. Обвинителството не пронајде елементи за вина кај него но ги обвини лекарите и директорите.

Билјана Николовска

 

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ