Дирекцијата за заштита и спасување ќе вработува пилоти

Во Дирекцијата за заштита и спасување  ќе се вработуваат пилоти. Информацијата за потребата за прием во редовен работен однос на пилоти во ДЗС ја усвои Владата на синоќешната седница.

– ДЗС и министерствата за одбрана, за внатрешни работи, и за финансии добија задолжение  да изнајдат навремено решение за ангажирање пилоти во Дирекцијата, соопшти владината прес-служба.

ДЗС поседува три противпожарни воздухоплови (амфибии) од типот Ер Трактор АТ-802А Фајр Бос, со капацитет од 3.100 литри вода. Во поддршка на флотата на ДЗС по потреба се вклучува и АРМ со хеликоптери од типот Ми-8/17 со противпожарни ведра со капацитет од 2.000 и 2.500 литри вода.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ