Дирекција за ТИРЗ: Нема најави за отпуштање на вработени кај странските инвеститори во индустриските зони

Во моментов ниту еден странски инвеститор не најавил отпуштање на вработените ниту пак повлекување на инвестициите од индустриските зони, информираат од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони. Од таму велат дека е можно да се пролонгираат планираните активности на компаните во зависност од условите на светскиот пазар.

„Во фабриките во кои по налог на нивните централи од странство е препорачано производствениот процес привремено да  запре, вработените се на платен годишен одмор кои ќе биде регулиран со надоместок на сите вработени.’- соопшти Дирекцијата.

Од таму велат дека неколку фабрики се очекува да бидат на поголем удар и први да го почувствуваат шокот на пазарот. Пред се тука се мисли на капацитетите што произведуваат компоненти за автомобилската индустрија за кои веќе има најава дека на глобално ниво ќе имаат прекин на производството.

Соопштението доаѓа откако „Кромберт и шуберт“ и „Дрекслермаер“ соопштија дека времено сопираат со работа и  ги испраќаат работниците на колективен одмор.

„Претставниците на странските компании едногласно порачуваат дека ќе се вложуваат максимални напори во работењето и очекуваат дека сите работни места ќе бидат задржани во идентичен број до денот на прогласување на пандемијата.“- соопштија од Дирекцијата.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ