ДИБИРОВ ВО ВАРДАР И ВО 2021

Тимур Дибиров (36)  со објава на социјалните мрежи потврди  дека  ќе игра за Вардар и во 2021 година.Искусниот крилен играч од Русија им се приклучи на  Стојанче Стоилов, Иван Чупиќ и  Кристијан Дизингер кои ја потврдиле верноста кон клубот кој од 1.јуни треба да го преземе Михајло Михајловски. Дибиров,  поранешен ракометар на Чеховски Медведи, е дел од Вардар од 2013  година и на  двапати во 2017 и 2019 година  ја освои титулата во Лигата на шампионите.Вардар најавува освежувања и  на бековските позиции а  пред неколку дена го ангажираше Томислав Јагуриновски од Металург.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ