Дибиров, Гедбане и Кристопанс меѓу најдобрите

По триумфот над Кристијанштад, ракометарите на Вардар на коло пред крајот од фазата по групи во Лигата на шампионите останаа во трката за второто место. Црвено-црните во моментов се трети, но со триумф в сабота против Монпелје и евентуален пораз на Веспрем на гостувањето во Киелце, нашиот шампион може да се искачи на втората позиција.

Во пресрет на завршната рунда и соочувањето со Монпелје во Скопје, македонскиот првак е во најлош случај е трет во групата и во тој случај за влез меѓу осумте најдобри ќе се бори со Загреб.

Но, Вардар со триумф над актуелниот европски првак и пораз на Веспрем на гостувањето во Полска може овој сегмент од елитното натпреварување да го заврши на втората позиција и во тој случај за пласман во четврт-финалето би се сретнал со подобриот од мечот меѓу Динамо Букурешт и Спортинг.

Во соочувањата со било кој овие противници Вардар ја има фаворитската улога и повторно ќе се најде во ситуација да се бори за нов настап на завршниот турнир во Келн.

А по настапот во Шведска, тројца ракометари на македонскиот шампион се најдоа во изборот на најдобрите. Тимур Дибиров се изнапромашува во мечот со Кристијанштад, но еден негов гол е прогласен за петти најубав во ова коло.

Калифа Гедбане блескаше на голот имаше неколку извонредни реакции, а една од осумте одбрани е избрана за втора најатрактивна. Даинис Кристопанс постигна 8 погодоци и сосема заслужено се најде во идеалниот тим на колото.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ