Џошуа со деби борба во САД

Официјално ,следниот бокс меч  на ѕвездата  во тешка категорија, Ентони Џошуа ќе се одржи во САД. За прв пат во својата кариера, Британецот ќе се бори  надвор од островот, а во седмата одбрана на тронот што се однесува до ИБФ насловот, негов ривал ќе биде Џарел Милер.Биг Бејби Милер е поранешен кик бокс првак со биланс од 23 победи и едно реми во боксот и  ќе има шанса да ги нападне   титулите на Еј Џеј во  – ВБA, ВБO, и ИБФ верзиите.Спекталкот  ќе се одржи во „Медисон Сквер Гарден“ на 1 јуни и за многумина тоа ќе биде  американски тест за Џошуа кој нишани и на ВБЦ насловот кој е во сопственост на Дионтеј Вајлдер.Бронзениот Бомбардер“  претходно  ќе мора да го одработи реванш против Тајсон Фјури.Џошуа нема боксувано од септември 2018 кога на Вембли во 7 рунда го порази  Поветкин за 22 победа по ред,21 со нокаут.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ