Џонсон го потпиша Договорот за брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска го потпиша Договорот за повлекување на Велика Британија од Европската унија, закажан за 31 јануари, истакнувајќи дека тоа најавува ново поглавје во историјата на државата.

Денеска го потпишав Договорот за напуштање на ЕУ на 31 јануари, почитувајќи го демократскиот мандат што ми го даде британскиот народ. Овој потпис објавува ново поглавје во историјата на нашата земја, напиша Џонсон на Твитер.

Тој го поздрави „фантастичниот момент“ за земјата, откако го потпиша историскиот документ и изрази надеж дека ќе заврши со години на дебата и поделба, пренесува Би-Би-Си.

Договорот беше претходно потпишан во Брисел од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лаејн, а документот потоа беше доставен во Лондон со воз.

Договорот допрва треба да биде ратификуван од страна на Европскиот парламент на 29 јануари.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ