Џокер со 11 номинации за Оскар меѓу нив и за најдобар филм, режија и најдобар актер

Во трката за Оскар, наградата на Американската академија за филмска уметност и наука, “Џокер” има најмногу шанси со 11 номинации, вклучувајќи ја и онаа за најдобар филм, за режисерот Тод Филипс и актерот Хоакин Феникс.

По 10 номинации освоија 3 наслови:  “Беше еднаш во Холивуд” на Квентин Тарантино, драмата за Првата Светска војна на Сем Мендез “1917” и епската приказна за мафијата на Мартин Скорцезе “Ирецот”, во која по 9-ти пат соработува со Роберт де Ниро,во филмот “Ирецот”.

Покрај овие наслови, за најдобар филм се номинирани “Форд против Ферари”, “ЈоЈо зајакот”, “Мали жени”, “Брачна приказна” и “Паразит”.

За режија покрај Филипс, номинирание се Скорцезе за “Ирецот””; Сем Мендез за “1917,” Тарантино за “Беше еднаш во Холивуд” и Бонг Јун Хо за “Паразит.

Грета Гервиг не беше номинирана за режија на Мали жени, со што во оваа категорија остануваат само режисери.

По 6 номинации имаат “Паразит” ; “Брачна приказна” ; “Мали жени” ; “Тие се бомби” има 3 номинации.

Миланка Рашиќ

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ