Џафери констатираше шестмесечно неоправдано отсуство на Груевски

Претседатеот на Собранието Талат Џафери ја извести Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања дека пратеникот Никола Груевски неоправдано отсуствува од работа во Собранието повеќе од шест месеци. Според Деловникот,  Комисијата во рок од 15 дена треба да одлучи и да му предложи на Собранието одземање на мандатот. Според најавите, Комисијата најверојатно ќе заседава во понеделник. Конечниот збор го има Собранието кое води претрес на првата наредна седница и може да заврши со одземање на мандатот или со заклучок дека нема елементи за тоа.

Пред шест месеци, Собранието гласаше Груевски да си го задржи мандатот. Комисијата, предводена од Павле Богоевски предложи одземање, сметајќи дека со двегдишната затворска казна за набавка на скапиот мерцедес, тој е недостоен за извршување на пратеничката функција. За предлогот гласаа само 58 пратеници, а за ваква одлука е неопходно двотретинско мнозинство од 80 пратеници.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ