Џафери: До 15 септември ќе биде закажана седницата за разрешување на Катица Јанева

Клучно беше да имам писмена согласност од сите партии за разрешување на Катица Јанева, вели спикерот Џафери кој потврди дека до 15 септември ќе биде закажана итна седница со единствена точка на дневен ред, разрешување на специјалната обвинителка која е во притвор поради случајот „Рекет“.

Седницата досега не била одржана бидејќи се чекало на исходот од лидерската средба која заврши без договор за новиот закон за јавно обвинителство.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ