Деведесет деца лани биле жртви на семејно насилство

Во Македонија , минатата година од 903 кривични пријави за насилство, 2/3  биле за насилство врз деца, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Според него, постојат повеќе причини за насилство врз децата.

Потчукнувањето на децата од страна на родителите, што е дел од нашето традиционално воспитување , не е грижа за нив, туку насилство, што развива култура на насилство во општеството, истакна министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Последниве недели имаше повеќе примери на насилство меѓу ученици, но и меѓу ученици и наставници, а училиштето треба да има значајна улога  во процесот на препознавање и пријавување на насилството.Од тие причини, со предлог Законот за основно образование, се предвидени програми за заштита на децата од насилство, рече министерката за образование, Дескоска А, иако здравствените работници се едни од првите што се соочуваат со жртвите на насилство, тие често немаат услови соодветно да реагираат, се пожали министерот за здравство.

Според Бенџамин Перкс од УНИЦЕФ, организација која ја нарача „ Студијата за идентификување на механизми за заштита од насилство“, во земјите од Западен Балкан, едно од 3 деца е жртва на традиционално воспитување, а во Македонија, едно од 2 деца поминува како жртва на физичко дисциплинирање.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ