Детските одморалишта во југоисточна Македонија се претвораат во руини

Детските одморалишта во Југоисточна Македонија се претвораат во руини. Некогашните  омилени детски собиралишта се уништени до непрепознавање.

На Суви Лаки, меѓу Струмица и Берово, во познатата и многу барана викенд – населба детското одморалиште е најверојатно најгрдиот и најзастрашувачки објект.

И кај Дојран има ваков значаен објект во очајна сосотојба. И двата се во сопственост на Министерството за труд и социјална политика.

Министерката Царовска најави дека чека извештај од Бирото за судско вештачење за да се одлучи за иднината на одморалиштата.

Градоначалникот на Дојран, пак, вели дека има заинтересирани инвеститори токму за одморалиштето Титови пионери.

Во овој дел од Македонија има само едно одморалиште во кое и понатаму доаѓаат и одмораат децата. Тоа е Михајлово кај Кавадарци.

Во приватна сопственост е, реновирано и доизградено.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ